28 февруари 2026
• од Гоце Кически
Министерство за надворешни работи на Република Бугарија излезе со официјален став во врска со актуелната воена ескалација поврзана со Иран, нагласувајќи дека Софија и претходно јавно ја изразувала својата загриженост за нуклеарната и ракетната програма на Техеран.
Од Министерството потсетуваат дека Бугарија повеќепати укажувала дека развојот на иранската ракетна програма, чиј потенцијален дострел може да ја опфати и Европа, претставува сериозен безбедносен предизвик. Истовремено, официјална Софија изразувала загриженост и за, како што наведуваат, деструктивната улога на Иран во регионот.
„Во овој контекст сме силно загрижени од воената ескалација,“ се наведува во реакцијата на МНР.
Како главен приоритет е посочена безбедноста на бугарските граѓани. Од институцијата информираат дека, во координација со партнерските земји, веќе е започната размена на информации и проценка на ризиците за европските граѓани, со приоритет на државјаните на Република Бугарија.
Во рамки на Министерството е формиран кризен штаб кој ќе ја следи состојбата и ќе координира понатамошни активности во зависност од развојот на настаните.
Останува во сила забраната за пиење вода во Струга, заматеноста е намалена
Бугарската банка за развој се приклучи кон новата иницијатива на ЕК „EastInvest“
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

