24 јануари 2026
• од Станча Јаќимовски
Бугарија официјално се наоѓа на првото место во Европа по извоз на црн кавијар. Извозот се реализира врз основа на квотен принцип и е под строг надзор на Министерството за животна средина и води, соопшти доц. Виолин Рајков од Институтот за океанологија при Бугарската академија на науките, цитиран од БНР.
Одредени компании добиваат квоти за извоз на овој високоценет производ, а годишната вредност на извозот се проценува на над 25 милиони евра. Според податоци објавени минатата година, околу 15 тони бугарски кавијар се извезуваат годишно низ целиот свет, со што земјата се вбројува меѓу водечките светски производители.
Во Европа, Бугарија не само што успешно им конкурира на традиционалните лидери како Франција и Италија, туку во изминатата година успеа да навлезе и на нивните пазари. Сепак, заштитата на есетровите риби останува приоритет. Од 1 јануари 2026 година стапи во сила трајна забрана за риболов на сите видови есетра во бугарскиот дел на реката Дунав и Црното Море. Во природна средина, уловот на есетри е целосно забранет.
Есетровите риби се меѓу најзагрозените рибни видови во светот. Главните причини за нивното исчезнување се уништувањето на живеалиштата, прекинот на миграциските коридори, загадувањето на водите, криволовот и нелегалната трговија со кавијар.
Во рамки на посебен проект, Институтот за океанологија во Варна спроведува истражувања за есетровите риби, нивната миграција и местата каде што се мрести кавијарот. Рибите се обележуваат со различни „тагови“, а преку сателитско следење се утврдуваат критичните подрачја за размножување.
Познати се шест видови есетрови риби, од кои два се целосно исчезнати. Четири видови се критично загрозени, а дел од нив припаѓаат на т.н. диадромни риби – миграциски видови што се движат меѓу слатководни (Дунав) и соленоводни (Црното Море) живеалишта.
Според податоци од 2025 година, при цена од над 1.650 евра за килограм црн кавијар, годишните приходи за секторот во Бугарија од извоз достигнуваат околу 25 милиони евра. Дополнително, позитивен тренд за бизнисот е и растечката домашна побарувачка, која се зголемува со забрзано темпо.
ССМ излегува на улица на 28 јануари, ќе се бара минимална плата од 600 евра
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

