27 октомври 2025
• од Станча Јаќимовски
Инвестиции од околу 1 милијарда евра во истражување и експлоатација на природен гас во бугарскиот дел од Црното Море би можеле да придонесат со до 5,2 милијарди евра во бугарскиот бруто домашен производ (БДП) и да донесат околу 1,5 милијарди евра дополнителни буџетски приходи. Ова го покажува анализа на EY, изработена по нарачка на компаниите OMV Petrom и NewMed Energy.
Истражувањето нагласува дека искористувањето на офшорниот потенцијал во бугарските води ќе има директен ефект не само врз економскиот раст, туку и врз енергетската независност на земјата. Компаниите, кои го поседуваат концесискиот блок „Хан Аспарух“ кај Варна, се оптимисти за претстојните истражувања.
Во анализата се истакнува дека последните откриени наоѓалишта и тековни проекти во Романија, Бугарија и Турција дополнително го потврдуваат неискористениот ресурсен потенцијал на Црното Море, кое сè повеќе се наметнува како клучен регионален извор на природен гас.
OMV Petrom и NewMed Energy информираат дека веќе се во напредна фаза со подготовките и обезбедиле сондажен брод за истражувањата. Првите операции се планирани за последното тримесечје на 2025 година.
„Црното Море има значителен потенцијал за Романија, Бугарија и целиот регион, но за неговата реализација се потребни ризични инвестиции и стабилна регулаторна рамка,“ изјави Кристи Хубати, член на управниот одбор на OMV Petrom задолжен за истражување и експлоатација.
Во моментов, Бугарија е силно зависна од увоз на природен гас, додека домашното производство покрива само мал дел од годишната потрошувачка, која се проценува на околу 2,7 милијарди кубни метри.
Според анализата, новите проекти и истражувања во регионот би можеле да ја намалат зависноста и да ја претворат бугарската акваторија на Црното Море во важен енергетски центар.
Блокот „Хан Аспарух“ се наоѓа во западниот дел на Црното Море, опфаќа површина од 13.712 квадратни километри, со длабочина на водата до 2.000 метри, јужно од романскиот проект „Нептун Дип“. Истражувањата започнале во 2012 година, а досега се изведени три сондажи и обемна 3D сеизмичка студија, завршена во 2020 година.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

