13 февруари 2026
• од Станча Јаќимовски
Бугарскиот стартап за производство на дронови „Дронамикс“ најави влез во одбранбениот сектор со лансирање на нова платформа базирана на нивниот товарен дрон „Црн лебед“. За развојот на првото одбранбено решение компанијата ќе соработува со германскиот концерн Hensoldt, еден од глобалните лидери во областа на одбранбени сензорски системи.
Партнерството ќе резултира со целосно европски систем за рано воздушно предупредување (Airborne Early Warning – AEW). Новото решение ги комбинира клучните технички предности на дронот „Црн лебед“ – издржливост, носивост и голем оперативен дострел – со најсовремените сензорски технологии на Hensoldt.
Со тоа беспилотните летала добиваат капацитет да функционираат како интегриран европски дрон-систем од класа III, наменет за сложени одбранбени и безбедносни мисии.
Платформата ќе биде 100% произведена во Европа и ќе биде опремена со системот MissionGrid. Тој ги вклучува:
Овој радар овозможува детекција, следење и целеукажување кон воздушни, копнени и поморски закани, значително зголемувајќи ја ситуациската свесност и оперативната ефикасност.
Заедничкото решение има за цел да одговори на клучните потреби во покривањето на националниот воздушен простор, како и да го зајакне одбранбениот и цивилниот заштитен капацитет на Европа.
Демонстрациите на системот се планирани подоцна во текот на годината, по што ќе следува негова имплементација со фокус на зајакнување на европската безбедност долж источниот фланг, Медитеранот и Атлантскиот регион.
Со овој чекор, бугарската технолошка сцена прави значаен исчекор кон позиционирање на Европа како самостоен и конкурентен играч во развојот на современи одбранбени беспилотни системи.
Бугарското собрание го ратификуваше Договорот за железничкиот тунел на Коридор 8
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

