16 јануари 2026
• од Гоце Кически
Бугарија со ново, историски најниско ниво на одбивање туристички и бизнис визи за САД во рамките на американската фискална 2025 година. Според официјалните податоци објавени од Државниот департмент на САД, стапката на одбивање изнесува 5,11 проценти – најниска за земјата во последните речиси две децении.
Овој резултат доаѓа веднаш по рекордниот пад во претходната фискална година и јасно укажува на стабилен и видлив напредок на Бугарија во исполнувањето на еден од клучните критериуми за вклучување во Програмата на САД за безвизно патување (Visa Waiver Program).
Министерот за надворешни работи, Георг Георгиев, изјави дека постигнувањето на уште пониска стапка на одбивање претставува „сигурен чекор кон реализација на оваа стратешка цел за земјата“. Тој им се заблагодари на бугарските граѓани за одговорниот и транспарентен пристап при аплицирањето за визи, нагласувајќи дека успехот е резултат на заедничките напори на институциите и самите апликанти. Според него, значајна улога има и засилената координација со американските партнери, како и меѓуинституционалната соработка во областа на безбедноста.
Со влезот во новата фискална година за САД, бугарското Министерство за надворешни работи предупредува дека при вакви ниски вредности секој поединечен одбиен случај има влијание врз вкупниот национален резултат, кој мора да се спушти под прагот од 3 проценти за целосно исполнување на условите за безвизен режим. Оттаму апелираат сите апликации да бидат внимателно подготвени, коректно поднесени и искрено презентирани пред американските конзуларни служби.
Овој позитивен тренд има и пошироки регионални импликации. За голем број граѓани на Македонија кои поседуваат бугарско државјанство врз основа на бугарско потекло, ваквиот развој значи дополнителни конкретни придобивки. Потенцијалното приближување на Бугарија до безвизен режим со САД би им овозможило полесен пристап до американскиот пазар за патување, бизнис и контакти, без сложени и долготрајни визни процедури.
СДСМ прашува: Каде ја води Мицкоски Македонија – на иста листа со Сомалија?
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

