Во Германија, лути што Турците ја исвиркаа нивната национална химна
Германија е револтирана што турските навивачи ги исвиркаа бундеслигашите на пријателскиот натпревар во Берлин, пишува „Билд“. На 18 ноември Германија загуби од Турција со резултат 2:3. Во текот на натпреварот гостинските навивачи ги исвиркуваа германските фудбалери секогаш кога ќе ја допрат топката.
Првиот капитен со турско потекло во историјата на германската репрезентација Илкај Гундоган беше исвиркуван во текот на целиот натпревар.
Според Асошиејтед прес, некои играчи на германската репрезентација се потомци на турските „имигранти-слуги“ кои пристигнале во некогашната Западна Германија за да помогнат во обновата на повоениот економски систем.