Вардар остана последен на таблата
Очајниот Вардар загуби на домашен терен во Скопје и од Струмишка Брера со 0:1. Мал број комити беа на стадионот и цело време свиреа. Струмица со оваа победа се зацврсти на средината на табелата. Воска Охрид го победи Шкупи со 3:1 и се искачи на 10. место - на 2 бода од зоната за испаѓање. Очајниот и ФК Тиквеш од Кавадарци, на домашен терен загуби од шампионот Струга со 1:0 а Тиквеш остана на претпоследното место со 8 бода - исто колку и Вардар - дури 4 бода од спас, каде на 9. место е ФК Беса, која денеска загуби. од Шкендија во Тетово со 2:1. За првото место конкурираат Шкендија и Работнички, Работнички е прв со 24 бода, а денеска заврши 1:1 против силниот Силекс во Кратово. Шкендија е втора со 23 бода откако на домашен терен ја совлада Беса