27 август 2025
• од Станча Јаќимовски
Фудбалската федерација на Македонија денеска го удри последниот печат врз една од најсрамните спортски приказни во државата: стадионот во Чаир дефинитивно не ги исполнува минималните услови за организирање на натпревари. ФК Шкупи, кој требаше да биде гордост на локалната заедница, сега е принуден итно да бара алтернативен стадион за дербито против Вардар на 29 август. Но, најголемата трагедија е што – сопствениците на клубот никаде ги нема.
Според официјалниот извештај на Комисијата за натпревари, сликата во Чаир е поразителна:
Ова не е стадион, туку симбол на запуштеност, корупција и неодговорност.
Она што уште повеќе боли е фактот дека за време на инспекцијата немало ниту еден официјален претставник на ФК Шкупи. Единствено присутни биле навивачите од групата „Шверцери“, кои покажале повеќе волја за спас на клубот отколку сопствениците што ја водат институцијата. Ова претставува тотален крах на менаџментот и аларм за целата спортска јавност.
ФФМ јавно апелира сопственикот и извршниот директор на клубот конечно да се појават и да преземат одговорност. Но, нивното молчење и исчезнување е уште една потврда дека во Македонија спортот е жртва на лични интереси и неодговорност.
Наместо да бидат сведоци на големо дерби во Чаир, граѓаните на Скопје ќе гледаат како нивниот клуб скита по туѓи стадиони. Наместо гордост, ќе владее срам и очај. Ова е уште една поразителна лекција дека во државава нема систем, нема план и нема визија.
Додека Европа инвестира во модерни стадиони и инфраструктура, во Македонија клубовите едвај наоѓаат терен за да одиграат натпревар. Оваа слика не е само спортска трагедија, туку и општествена срамота.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден