Прва ВТА титула за Георги Георгиев!
Георги Георгиев ја освои својата прва ВТА титула на светската турнеја со девет топки во Сиетл. Бугаринот во финалето го совлада младиот Американец Лукас Фракасо-Вернер со 13:12.
Георги освои 6.000 долари како награден фонд, а други значајни професионалци на турнирот беа Тајлер Стир и Оскар Домингез.
„Господ е голем и има план за сите! Без разлика на сите тешкотии, ако навистина верувате и работите напорно, ќе се случат големи работи.
Благодарност до мојот пријател Петар Мичинов кој цело време беше покрај мене. Благодарност до Академијата за билијард во Вирџинија што ми обезбеди неверојатна средина за вежбање.
Дојдов, видов, победив“, напиша Георгиев на Фејсбук.