21 август 2025
• од Станча Јаќимовски
Повратникот во прволигашкото друштво, екипата на Македонија Ѓорче Петров, денеска го зајакна својот состав со ангажман на поранешниот младински репрезентативец, Али Адем.
Адем, 24-годишен дефанзивен играч за врска, доаѓа од редовите на Шкупи, каде што како капитен ја заврши својата трета епизода во чаирскиот клуб. Од него се очекува искуството и лидерските квалитети да донесат потребна стабилност во тимот на Македонија ЃП, кој сезонава има јасна цел – опстанок во елитата.
Трансферот на капитенот претставува ново разочарување за навивачите на чаирчани. Клубот се соочува со сериозни проблеми и постепено останува без клучни играчи, што дополнително ја доведува во прашање неговата конкурентност и иднина во домашниот фудбал.
Фудбалската приказна на Али Адем започна во Вардар, од каде направи трансфер во Грција и настапуваше за екипите на Арис и Верија. Подоцна својата кариера ја продолжи во албанскиот Фљамуртари, а со враќањето во Шкупи ја потврди својата важност на македонската фудбалска сцена.
По првите две кола во новата сезона, Македонија ЃП сè уште не успеа да запише бод. Првата шанса за позитивен резултат ќе ја има во претстојниот натпревар против Силекс, а токму новото засилување треба да помогне во пробивање на негативната серија.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден