27 март 2026
• од Станча Јаќимовски
Голем скандал ја потресе македонската спортска јавност откако турските медиуми објавија информации за апсење на претседател на клуб од Првата македонска фудбалска лига (ПМФЛ), кој наводно бил вмешан во криумчарење злато.
Според пишувањата на турските портали „Адана Масаси“, „Вардарпрес“ и други медиуми, лицето со иницијали Б.Х. било уапсено на 24 март на патниот правец меѓу градовите Батман и Сиирт, во југоисточниот дел на Турција.
При полициска контрола на возилото кое го управувал осомничениот, биле пронајдени вкупно 2 килограми и 581 грам злато. Според првичните проценки, вредноста на запленетото злато изнесува околу 300.000 евра.
Турските власти веднаш реагирале и го привеле лицето, по што против него се покренати соодветни судски постапки. Во тек е и дополнителна истрага за утврдување на потеклото на златото, како и евентуална поврзаност со поширока криминална мрежа.
Засега нема официјална потврда од македонските институции за идентитетот на клубот и функцијата на осомничениот, но случајот веќе предизвика сериозен интерес и реакции во јавноста.
Се очекува во наредните денови да бидат објавени повеќе детали околу овој скандал, кој би можел да има значителни последици и за македонскиот фудбал.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

