13 септември 2025
• од Станча Јаќимовски
Легендата на светскиот тенис и најголемата спортска икона на Србија, Новак Ѓоковиќ, донесе одлука која го изненади целиот регион – да ја напушти својата татковина. Причината за ваквиот радикален потег се политичките тензии, откако српскиот претседател Александар Вучиќ го прогласи Ѓоковиќ за предавник поради неговата поддршка на протестите во земјата.
Според „Газета дело Спорт“, Ѓоковиќ заедно со сопругата и своите деца – Стефан и Тара – ќе се пресели во грчката престолнина. Веќе е договорено децата да посетуваат приватно училиште на англиски јазик, додека семејството ќе живее во престижниот кварт „Глифада“, во јужниот дел на Атина.
Овој чекор означува крај на еден важен период за Ѓоковиќ во Белград, каде со години вложуваше во спортскиот развој и организираше сопствени турнири.
Една од најголемите промени е преместувањето на неговиот традиционален турнир. Наместо во Белград, натпреварувањето ќе се одржува во Атина, што претставува нов почеток за ова спортско случување. За Ѓоковиќ, ова ќе биде веројатно последниот настап до крајот на календарската година.
Сè уште останува неизвесно дали Ѓоковиќ ќе настапи на завршниот Мастерс во Торино. Како трет тенисер на светот, тој има право на учество, но се уште не е донесена конечна одлука за неговиот настап во Италија.
BULGARIA 2025: НАТО и Бугарија покажаа единство и сила во справувањето со кризи
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден