Лео Варадкар се повлекува од функцијата премиер на Ирска
Лео Варадкар ќе се повлече од функцијата премиер на Ирска и лидер на владејачката партија Фајн Гаел. Ова го објави агенцијата Ројтерс.
Заминувањето на Варадкар како лидер на трипартиската коалиција не води автоматски до општи избори.
Тој би можел да биде заменет и со нов предводник на Фине Гаел.
Во 2017 година, Варадкар стана најмладиот премиер во историјата на Ирска и ја имаше функцијата до 2020 година.
Во 2022 година, тој повторно стана премиер на земјата.