27 март 2026
• од Станча Јаќимовски
Синоќа се одиграа првите плејоф натпревари за пласман на Светското првенство 2026 во фудбал, на кои настапија повеќе селекции од регионот.
Фудбалската репрезентација на Македонија претрпе убедлив пораз од Данска со 4:0, резултат што значително ги намали шансите за понатамошен пласман. Во исто време, своите натпревари ги одиграа и соседните селекции на Албанија и Косово.
Албанија беше поразена од Полска, додека Косово приреди изненадување совладувајќи ја Словачка на гостински терен, со што направи важен чекор кон историски пласман.
По завршувањето на натпреварите, со реакција на социјалните мрежи се огласи градоначалникот на Тетово, Билал Касами.
„Само еден чекор. Еден натпревар го делеше Косово од Светското првенство. Ајде момчиња! Несреќна Албанија, но горда на трудот на нашите млади мажи. Ајде да пробаме повторно“, напиша Касами, објавувајќи и фотографија од фудбалерите на Косово.
Она што привлече внимание во јавноста е фактот што во неговата објава воопшто не беше споменат натпреварот меѓу Данска и Македонија, ниту пак поразот на македонската репрезентација.
Отсуството на коментар за настапот на домашната селекција отвори простор за реакции и различни толкувања во јавноста.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

