Карлос Насар се бори за трета европска титула во Кишињев
На Велика Сабота, спортската сцена во Европа ќе биде во знакот на кревањето тегови – и на едно име: Карлос Насар. Суперталентираниот 20-годишен шампион од Бугарија, кој веќе ја освои публиката со својата сила и харизма, излегува на подиумот во Кишињев, Молдавија, по својата третa европска титула, но овој пат – во нова тежинска категорија до 96 килограми.
Насар веќе има две европски титули во категоријата до 89 килограми – првата ја освои во Ереван во 2023 година, а втората во Софија во 2024. Но, оваа година за него е посебна: тој го оствари сонот на секој спортист – стана олимписки шампион во Париз 2024, а истовремено се закити и со светска и европска титула, што му ја донесе титулата Спортист број 1 на Бугарија за 2024.
Вечерва, точно во 19:00 часот, очите на љубителите на спортот ќе бидат вперени кон Кишињев, каде Насар ќе се соочи со нови предизвици, нови ривали и нова тежинска класа – но со иста решителност и желба за победа.
Дали ќе успее да го освои и ова злато? Ќе дознаеме наскоро – но едно е сигурно: Карлос Насар веќе е име кое го менува лицето на кревањето тегови.