25 август 2025
• од Станча Јаќимовски
Бугарскиот пливач Цанко Цанков постави нов подвиг – 24 часа непрекинато индивидуално пливање во реката Дунав, без неопренско одело и без никакви помошни средства. Тој ја заврши маратонаската трка во Орјахово, каде што беше пречекан со овации од бројната публика.
Вкупното време кое Цанков го исплива изнесува 24 часа, 30 минути и 8 секунди. Претседателот на судиската комисија при Бугарската федерација за пливачки спортови, Велислав Цеков, официјално потврди дека резултатот е валиден.
Менџерот на пливачот, Николaј Илиев, изјави дека ноќта била исклучително тешка, бидејќи на неколку места Дунав значително се стеснувал, што дополнително ја зголемувало опасноста. Цанков скоро целото време пливал во состојба на хипотермија. „Првите знаци се појавија уште по Видин, а тој успеа да издржи речиси 19 часа во таква состојба,“ рече Илиев.
И покрај огромните предизвици, Цанков по завршувањето изјави дека е среќен и горд:
„Имав тешки моменти на исцрпеност, но во тие кризи си замислував дека сум во родниот град и шетам со моето семејство. Тоа ми даде сила да продолжам,“ вели рекордерот.
Овој резултат е уште една потврда за упорноста и класата на Цанков. Во февруари годинава тој освои златен медал на Светскиот куп во зимско пливање во мразовити води во Гдиња, Полска. Таму победи во најтешката дисциплина – 1000 метри слободно, со време од 12 минути и 42 секунди.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден