Христо Стоичков: Знаеме колкава е болката, но сме тука – со срце и со душа за Кочани
По хуманитарниот натпревар во Варна, организиран за помош на семејствата погодени од трагедијата во Кочани, бугарската фудбалска легенда Христо Стоичков со многу емоции им се обрати на присутните.
„Само неколку минути им требаа на Горан и Ѓоко да ми кажат 'Да' за организирањето на овој натпревар. Знаеме колку е тешко... Знаеме дека ништо нема да ги врати децата, но ова е наш начин да изразиме почит и солидарност кон нашите пријатели“, рече Стоичков.
Тој ја истакна големината на трагедијата и додаде:
„Болката е голема, и тоа сите го носиме во срцето. Но денес сме тука за да покажеме дека македонскиот и бугарскиот народ се блиски, особено кога е најпотребно.“
Стоичков со голема благодарност им се обрати на сите учесници и поддржувачи:
„Од срце им благодарам на сите што денес беа тука. Сите средства од натпреварот ќе бидат дадени на Фудбалската федерација на Македонија, за да стигнат до семејствата и децата кои страдаат.“
На крај, Стоичков најави дека вакви хуманитарни натпревари нема да бидат единствени:
„Ќе продолжиме да се собираме – во различни градови, за различни каузи. Затоа што фудбалот има моќ да носи радост, но и да биде извор на надеж.“