24 август 2025
• од Станча Јаќимовски
Првото коло од пионерската лига во Македонија донесе несекојдневен и трагичен инцидент на игралиштето „Бело Брдо“ во Штип. Натпреварот меѓу пионерите на Брегалница и Шкупи, во генерација на деца родени 2010 година, беше прекинат поради тежок напад врз млади фудбалери.
Во самата завршница на натпреварот, по еден дуел меѓу играчите, дојде до вербална расправија. Наместо ситуацијата да се смири, дел од возрасната публика која пристигнала од Скопје влетала на теренот и физички нападнала двајца играчи на домашниот тим. Според очевидци, еден од напаѓачите со клоци удирал врз малолетните фудбалери, предизвикувајќи шок и револт кај присутните.
Судиите беа приморани веднаш да го прекинат натпреварот, а организаторите и стручните штабови безуспешно се обидуваа да ја смират ситуацијата.
Двајцата младинци на Брегалница кои беа физички нападнати веднаш беа пренесени во Клиничката болница во Штип, каде што им беше укажана соодветна лекарска помош. Полицијата брзо интервенираше на лице место и го приведе главниот напаѓач, против кого ќе биде поднесена кривична пријава.
Од клубот Брегалница остро го осудија инцидентот, нагласувајќи дека вакви сцени не смеат да имаат место на спортските терени, особено кога станува збор за деца. Тие побараа надлежните институции да изречат најстроги казни со цел вакви случаи никогаш повеќе да не се повторат.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден