25 август 2025
• од Станча Јаќимовски
Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) вчера попладне реагираше со остра осуда на инцидентот што се случи за време на натпреварот од младинските категории меѓу Брегалница и Шкупи. Настанот доби сериозен епилог откако родители на гостинските играчи упаднаа на теренот и физички нападнаа дел од младите фудбалери на домашниот тим.
Во официјалното соопштение на ФФМ се нагласува дека ваквото однесување е крајно неприфатливо и претставува грубо нарушување на спортскиот дух и безбедноста на младите спортисти.
„Особено е вознемирувачки фактот што едно дете доби тешки повреди, вклучувајќи скршеници, како последица од нападот“, стои во реакцијата на Федерацијата.
ФФМ најави дека ќе биде поведена дисциплинска постапка против ФК Шкупи, како и против сите инволвирани лица во инцидентот. Федерацијата подвлече дека нема да толерира насилство на спортските терени и најави строги санкции со цел да се спречат вакви случаи во иднина.
„Дисциплинска постапка ќе биде поведена против ФК Шкупи и сите инволвирани лица, со цел да не се дозволи вакво недолично и опасно однесување да се повтори. ФФМ уште еднаш потсетува дека насилството на спортските терени е недозволиво и ќе биде строго санкционирано. Компромис за насилство, без разлика од кого и на кое ниво, нема да има“, се наведува во соопштението.
Од Федерацијата апелираат до сите клубови, играчи и родители да ја почитуваат етиката на спортот и фер-плеј принципите, нагласувајќи дека младинските натпревари треба да бидат место за развој, другарство и спортска култура, а не сцена на насилство.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден