05 јули 2025
• од Станча Јаќимовски
Бугарските спортисти со Даунов синдром продолжуваат да остваруваат извонредни резултати на Европските игри во атлетика и тенис кои се одржуваат во чешката престолнина Прага. Во вториот натпреварувачки ден тие освоија нови четири медали — два златни, еден сребрен и еден бронзен.
Александар Асенов, кој веќе беше победник во спринтот на 100 метри, се закити и со злато во скок во далечина, постигнувајќи резултат од 4 метри и 36 сантиметри. Радена Ангелова, по освоеното прво место на 1500 метри спортско одење, триумфираше и во трката на 800 метри со време од 6 минути, 35 секунди и 58 стотинки.
Во истата дисциплина кај мажите, Светослав Богданов го освои бронзениот медал со резултат од 6 минути, 11 секунди и 3 стотинки.
Успешниот настап го заокружи Пламен Павлов со сребрен медал во тенис-турнирот. Во финалето на натпреварот во мешани двојки, Павлов и неговата чешка партнерка Баброа Жикхова беа поразени од турскиот пар Ашик Берфин и Али Мехмет Кахрамат.
Со овие последни одличја, бугарските спортисти во Прага досега имаат вкупно девет медали за два дена — пет златни, два сребрени и два бронзени. Натпреварите продолжуваат денес со спринтот на 200 метри и финалето во фрлање ѓуле.