Англија - Украина 2:0 во натпревар од групата „Ц“
Фудбалската репрезентација на Англија ја оствари втората победа во првите два натпревари од квалификациите за Евро 2024, откако ѕвездата на Арсенал, Букајо Сака блесна на Вембли во триумфот од 2-0 во групата Ц над Украина.
Сака во 37. минута од средбата најпрвин му пружи одлична асистенција на капитенот и рекордер на „трите лава“ Хари Кејн, а само три минути подоцна постигна фантастичен гол од работ на шеснаесетникот.
Англичаните со победата имаат полн бодови на врвот во групата Ц, каде Италија вечерва игра со Малта.
Во другите два меча од 19 часот, Словенија со 2-0 славеше над аутсајдерите Сан Марино, а Исланд немаше милост кон Лихтенштајн, победувајќи со 7-0 на гостински терен.