Агентот на Холанд: Ерлинг е господар на својата судбина, тој ќе одлучи кога ќе посака промена
Агентот на Манчестер Сити и светската фудбалска ѕвезда Ерлинг Холанд, Рафаела Пимента, јасно стави до знаење дека Норвежанецот е господар на сопствената судбина.
Тој беше силно поврзуван со трансфер во Реал Мадрид во блиска иднина.
„Мораме да го искористиме вистинскиот баланс бидејќи јас, играчот и клубот сме во ист брод. Се мора да се разговара и да се третира така што на крајот сите да бидат задоволни“, коментира Пимента за Релево.
„Кога сите партии ќе бидат подготвени да направат промена, тогаш таа ќе биде направена. Тој не е тип на играч кој ќе каже „Чао, заминувам, не сакам да знам ништо“.
„Тој секогаш ќе го прави она што е добро за него, но и она што е добро за неговиот клуб Манчестер Сити. Ако во одреден момент сите се отворени за промени, тогаш тоа ќе се случи. Ерлинг секогаш ќе има почит кон сите страни“.
„Дали е среќен во Сити? Треба да го прашате... Не го велам спротивното. Ќе кажам само дека одличните спортски резултати ги има само кога сте среќни“.
Скандинавецот е под договор со Сити до летото 2027 година, а ослободителната клаузула од 200 милиони евра ќе биде активна во 2024 година.