Бајден ги критикува републиканците кои сакаат да го „потценат“ нападот на Капитол
Џо Бајден ги критикуваше членовите на републиканската опозиција кои сакаат да го „намалат“ нападот врз Капитол од приврзаниците на Доналд Трамп на 6 јануари 2021 година, по емисијата на Фокс њуз во која се обидоа да ја минимизираат сериозноста на настанот.
- На 6 јануари беа повредени повеќе од 140 полицајци. „Го кажав и претходно: како некој се осмелува да го минимизира или негира пеколот низ кој поминал“, праша американскиот претседател на Твитер, изразувајќи поддршка за конгресната полиција.
Демократот реагираше на твитот во кој се повикува на писмото од началникот на конгресната полиција Брајан Менгер во кое се обвинува водителот на Фокс њуз Такер Карлсон дека донел „навредливи и погрешни заклучоци“ за нападот на неговата емисија на 6 јануари 2021 година.
– Се надевам дека републиканците во Претставничкиот дом се срамат од сето она што беше направено за да се понижат нашите полициски сили, додаде Џо Бајден во својата објава.
Водителот Такер Карлсон, истакната личност на мрежата која ја фаворизираат американските конзервативци, доби од претседателот на Претставничкиот дом Кевин Мекарти ексклузивен пристап до снимките од упадот во Капитол, на кои се гледа огромно мнозинство мирни граѓани и само „мал процент“ вандали.
Одлуката на републиканскиот лидер, за која вели дека ја донел заради транспарентност, наиде на остри критики, главно од редовите на демократите.
Републиканскиот лидер на Сенатот, влијателниот Мич Мекконел, од неговиот табор, оцени дека Фокс њуз направил „грешка“ кога го прикажал упадот во Капитол „на начин што е сосема поинаков од она што шефот на Капитол Полицијата мисли“, потпирајќи се на писмото на Мангер.