24 февруари 2026
• од Станча Јаќимовски
Италија, а особено Милано и Кортина, беа домаќини на 25. Зимски олимписки игри кои завршија со свечена церемонија во Верона. Отворањето беше спектакуларно, затворањето исто така, а фрлена е ракавицата кон следниот домаќин – Франција.
На спортски план, најуспешна нација беше Норвешка со 41 медал. Следуваа Соединети Американски Држави со 33 и домаќинот Италија со 30 одличја. Вкупно 29 земји се враќаат дома со медал – доказ дека системот, инвестициите и стратегијата носат резултат.
Македонската експедиција се враќа без повреди. За жал, тоа веќе 28 години е нашиот единствен константен „успех“ како самостојна држава на Зимските олимписки игри.
Во Милано и Кортина отпатувавме во најброен состав досега – четворица спортисти. Но, најдобриот пласман беше 55. место. Во две дисциплини бевме меѓу последните пет кои финишираа, во една – меѓу последните 30, а и 55-тото место беше во последната група натпреварувачи.
Од Меѓународен олимписки комитет беше соопштено дека учествуваме со исполнета норма. Но, ако се анализираат резултатите, тешко може да се заклучи дека станува збор за вистинска резултатска норма, туку повеќе за квотна позиција.
Нашиот најголем адут, Јана Атанасовска, настапи под силен притисок и не успеа да заврши ниту една трка. Останавме без реална проценка дали има олимписки капацитет или тоа е рамката на нашето моментално ниво.
Ставре Јада (трет настап) и Ана Цветановска (втор настап) веќе имаат олимписко искуство. Токму затоа, оправдано е прашањето: како е можно да нема напредок во пласманите, туку дури и регресија во однос на претходните Игри?
Виктор Петков ги заврши двете трки и го освои 55. место. Резултатот не е импресивен, но ако се земе предвид дека на Олимпијада замина во период од 5 до 12 без специфични подготовки, неговиот настап може да се гледа како потенцијална инвестиција во иднината – доколку биде системски поддржан.
Олимпискиот настап е достигнување при првото учество. Но на следните Игри, спортската логика бара резултат. Максимата „Важно е да се учествува“ не може да биде стратегија, особено кога на Олимпијада настапуваат и земји без снежна традиција – токму поради инклузивниот дух на олимпизмот.
Клучната разлика е меѓу:
Ако се применуваше исклучиво резултатска норма, во дел од дисциплините каде што настапивме, други земји ќе ги пополнеа местата со значително подобри времиња.
На осум Зимски олимписки игри како независна држава:
Ова не е инцидент. Ова е систем.
Регионалната слика е јасна:
Македонија има два медала на Летни олимписки игри (таеквондо и борење), но зимската приказна останува хроника на учества без резултат.
Ако не можеме да вложуваме во инфраструктура, тогаш барем најдобрите спортисти мора да добијат целосна финансиска и логистичка поддршка да тренираат во странство и да се натпреваруваат во системи каде што конкуренцијата ги издигнува.
Македонија е на раскрсница:
Спортот се мери во пласмани, времиња и медали.
Се друго е административен туризам.
Време е да се смени менталитетот.
Олимпијадата не е туристичка тура.
Олимпијадата е врв на спортската пирамида – и таму се оди по резултат.
СДСМ: „Како нема ниту една камера за 5 тони дрога, а има камери за Груби?“
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

