Засилена акциска контрола во Скопје: Санкционирани 76 прекршители, 20 мотоциклисти
Синоќа, во периодот од 17:00 до 01:00 часот, Одделението за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје спроведе засилена акциска контрола во рамки на Оперативната акција „Безбеден сообраќај“. Контролата беше насочена кон учесниците во сообраќајот, особено оние што управуваат мотоцикли и велосипеди со помошен мотор.
Во рамки на контролата биле откриени вкупно 76 сообраќајни прекршоци, од кои 20 се однесувале на мотоциклисти. Од нив, четворица биле затекнати како управуваат мотоцикл без возачка дозвола, десет возеле без заштитна кацига, а четворица биле фатени без положен испит за управување мотоцикл.
Надлежните информираат дека ваквите засилени контроли ќе продолжат и во наредниот период, со цел подобрување на безбедноста на сообраќајот и намалување на бројот на сообраќајни незгоди. Апел упатија до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат важечките сообраќајни правила и прописи, со што сите заеднички ќе придонесеме за побезбедни патишта.