20 октомври 2025
• од Станча Јаќимовски
Кочани ќе добие нов градоначалник по втор круг на локалните избори, откако ниту еден од кандидатите не успеа да освои над 50% од гласовите.
Кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ, Влатко Грозданов, оствари убедлива предност со 40,02% од гласовите, односно 4.936 гласа. Тој ќе се соочи во вториот круг со независниот кандидат Венко Крстевски, кој освои 23,75%, односно 2.930 гласа.
Според првичните неофицијални резултати, на трето место се најде кандидатот на СДСМ, Игор Христов, со 17,16% или 2.117 гласа. Вториот независен кандидат, Зоран Тодоров, доби 10,53% од гласовите (1.299 гласа). Далеку зад нив останаа Жаклина Филипова-Свеќаровска од Левица со 2,04% и Даниел Глигоров од Единствена Македонија со 0,80%.
Резултатите покажуваат дека гласачите во Кочани ќе имаат уште една прилика да одлучат кој ќе ја води општината во следните четири години. Вториот изборен круг ќе се одржи за две недели, кога граѓаните ќе избираат меѓу кандидатите Грозданов и Крстевски.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден