21 ноември 2025
• од Станча Јаќимовски
На социјалната мрежа Фејсбук се појави снимка, а до нашата редакција пристигнаа и фотографии на кои јасно се гледа возило на Итната медицинска помош во Прилеп како пренесува мебел во внатрешноста на службеното возило.
Очевидци велат дека сцената се одвивала во текот на денот, а медицинското возило, наместо да биде подготвено за интервентни случаи, било искористено за приватен транспорт.
Ова не е првпат ваква појава да биде забележана. Во изминатите години, граѓани од различни делови на државата пријавуваа слични случаи, при што службени возила на Итната помош биле користени за активности кои не се поврзани со нивната примарна намена.
Граѓаните реагираат дека ваквото однесување не само што ја нарушува довербата во итните служби, туку потенцијално може да го загрози навременото реагирање при вистински медицински итни случаи. Очекуваат надлежните институции да спроведат соодветна истрага и да утврдат одговорност.
Се проширува истрагата за трагедијата во „Пулс“: Опфатени лица од УЈП и ДПИ
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

