13 ноември 2025
• од Станча Јаќимовски
Вреди ли да се пазариме со животот на 18-годишно момче?
Овој прашање повторно се отвора во јавноста по последната одлука на Основното јавно обвинителство Гостивар, кое оцени дека во смртоносната сообраќајна несреќа што се случи на 29 јули 2025 година – нема елементи на кривично дело.
Недовербата на граѓаните во правосудниот систем одамна е на историски ниско ниво, а ваквите случаи, без оглед на трудот и професионалноста на мнозинството судии и обвинители, создаваат слика дека понекогаш правдата зависи од пристапот, а не од фактите.
Инцидентот се случил околу 01:40 часот по полноќ во Гостивар.
Мотоциклист – 18-годишно момче – се движел по улица кога, од излез од паркинг, се појавило патничко возило чиј возач се вклучувал во сообраќајот. Автомобилот го удрил мотоциклот, а при падот момчето добило тешки повреди кои резултирале со смртен исход.
Полицијата извршила увид, а против возачот на автомобилот била поднесена кривична пријава. Но, ОЈО Гостивар ја отфрли пријавата – со образложение дека мотоциклистот изгубил контрола пред да биде удрен, па со тоа возачот не сноси кривична вина.
Од изворите е познато дека постои снимка од сигурносни камери, врз основа на која е јасно видливо движењето на двете возила, а направени се и обдукција и две вештачења, кои меѓусебно се разликуваат.
Вештак по судска медицина утврдува дека смртта настапила како последица на тешки повреди на главата и раскинување на ткивото на продолжениот мозок – повреди што ги објаснува како комбинација од ударот во возилото и падот на тврда подлога.
Обвинителството се повикува на едно од вештачењата и наведува дека во постапката „не се содржани битните елементи на кривично дело“ од членовите 297 и 300 на Кривичниот законик.
Член 297 од КЗ предвидува дека учесник во сообраќај кој не се придржува кон прописите и со тоа го загрозува јавниот сообраќај – а при тоа некое лице е повредено – може да биде казнет со парична казна или затвор до три години.
Член 300 предвидува построга казна доколку има смрт или тешки телесни повреди.
Според ОЈО, во конкретниот случај нема елементи за вакво дело – иако на снимката, според семејството, е јасно дека возачот на автомобилот не ја почитувал предноста.
Семејството на починатиот случајот го обжалило до Вишото јавно обвинителство.
Нивната позиција е дека „казна и одмазда не се целта“, туку:
„Нашиот син нема да се врати“, велат тие, „но нечовечки е некој да се обидува да избегне одговорност кога загинало дете.“
Сега останува Вишото јавно обвинителство да одлучи дали:
Од оваа одлука ќе зависи дали јавноста ќе добие чувство дека законот важи еднакво за сите – или ова ќе биде уште една точка во статистичката грешка наречена доверба во правосудството.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

