македонија06 септември 2024 Во Собранието утре ќе биде доделена наградата „8 Септември“
Утре, во Кристалната сала на Собранието, во 11 часот, Одборот за доделување на државната награда „8 Септември“ ќе врачи награди за највисоко признание за животно дело и признание за спортисти, тренери (селектори и тренери) и спортски работници за остварувања во областа на спортот за 2024-та година.
Борче Костовски е овогодишниот добитник на наградата за животно дело за исклучителен придонес во развојот на спортот, афирмацијата и промоцијата на Република Северна Македонија на меѓународен план.
Додека наградите со коишто се оддава признание на спортисти, тренери (селектори и тренери) и спортски работници за остварувања во областа на спортот им се доделуваат на: Мирко Димчевски, Рамадан Шабани, Зоран Бошковски, Димитар Јованов.