македонија08 октомври 2024 Во Собранието одбележување на Меѓународниот ден за намалување на ризикот од катастрофи
Во Собранието денеска ќе се одбележи Меѓународниот ден за намалување на ризикот од катастрофи – 13 Октомври со дебатата „Младите за намалување на ризикот од катастрофи“.
Како што најавуваат од собраниската прес-служба, на настанот воведни обраќања ќе одржат Африм Гаши, претседател на Собранието, Вероник Улман, амбасадорка на Швајцарија, Марина Димовска, генерална секретарка на Собранието и Армен Григорјан, постојан претставник на Програмата за развој на Обеднитените Нации (УНДП).
Додека, пак, тематски обраќања ќе имаат Драгана Бојковска, претседателка на Клубот на млади пратеници во Собранието, Емилија Ангелова, заменик- претседателка на Комисијата за образование, наука и спорт и Илире Даути, претседателка на Комисијата за социјална политика, демографија и млади.
На крајот на настанот е планирано да се одржи дискусија и предлози за вклучување на младите во политиките за намалување на ризиците од катастрофи.