12 февруари 2026
• од Станча Јаќимовски
Војници во Армијата, членка на НАТО, кои се сместени во касарната „Алексо Демниевски Бауман“ во Велес, ќе треба од сопствен џеб да платат за маст која им била наложена за превентивна употреба по појавата на шуга. Иако дел од нив се заразиле во самата касарна, трошокот за препаратот не е покриен институционално.
Според информации од касарната, на сите војници им било укажано да користат одредена маст како превентивна мерка, без разлика дали имаат симптоми. Секој од нив платил по 170 денари за препаратот. Меѓутоа, маста не била индивидуално препишана од лекар, туку била дадена превентивно, што значи дека нема да биде рефундирана.
Од Министерството за одбрана информираат дека четворица професионални војници биле упатени на преглед кај дерматовенеролог, каде им била препишана соодветна терапија – лосион, раствор или маст за премачкување. Доколку терапијата е на листата на лекови што паѓаат на товар на Фондот за здравствено осигурување, тогаш, согласно Законот за служба во Армијата и Колективниот договор, на барање на војниците ќе им биде извршена рефундација.
Но, конкретната маст која ја добиле сите војници не била дел од препишаната терапија, туку била препорачана како превентивна мерка. Со тоа, трошокот останува на товар на самите војници, вклучително и за оние кои не се заразени.
Од одговорот на Министерството произлегува дека сите препарати кои не се на товар на ФЗО ќе продолжат да се плаќаат приватно. Во зависност од должината и видот на терапијата, лекувањето може да достигне и до неколку стотици евра.
Од Воено-медицинскиот центар информираат дека се преземени сите мерки согласно здравствените протоколи:
Од Министерството претходно соопштија дека болеста не се проширила надвор од велешката касарна, иако останатите случаи се појавиле токму таму. Шугата може да се пренесе преку директен контакт со заразено лице, но и преку користење на заедничка постелнина, пешкири или облека.
Независниот синдикат на професионални војници реагира дека условите за живот и работа во касарните низ државата се на исклучително ниско ниво. Според нив, војниците спијат на стара и неисперена постелнина, користат перници и ќебиња стари по 15 до 20 години, а просториите често се со влага и присуство на инсекти.
Дополнително, синдикатот укажува на лоша хигиена во санитарните јазли, недоволна и еднолична исхрана, како и ситуации во кои нема струја или техничка вода, што го отежнува одржувањето на личната и општата хигиена. Според нив, ваквите состојби траат со години и сериозно влијаат врз здравјето и достоинството на професионалните војници.
Случајот со појавата на шуга во касарната во Велес повторно го отвори прашањето за одговорноста на институциите во обезбедување соодветни услови за припадниците на Армијата, како и за тоа кој треба да ги сноси трошоците кога здравствениот проблем настанал во рамки на службата
Џорџа Мелони им оддаде почит на илјадниците Италијанци убиени од режимот на Тито
Филипче: Врв на безобразие – нема пари за плати, а има за нов владин авион
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

