25 мај 2026
• од Темелко Тошев
ВМРО-Народна партија излезе со остра реакција по повод информацијата дека писателката Гордана Јовиќ – Стојковска е единствениот кандидат за претседател на Друштвото на писателите на Македонија (ДПМ).
Од партијата ја искажуваат својата длабока загриженост за овој кадровски потег, оценувајќи го како обид за поткопување на македонските идентитетски вредности преку инсталирање на личност која, според нив, е докажан заговорник на великосрпските аспирации кон Македонија.
Во соопштението од ВМРО-НП се наведува дека иако Јовиќ – Стојковска е квалитетен писател, нејзиниот јавен ангажман е директно спротивен на македонските национални интереси.
„Не се сомневаме дека таа е сигурно едно ниво поквалитетна од сите изворни македонски писатели и со тоа заслужила да биде кандидат за претседател на ДПМ, но исто така не можеме, а да не го истакнеме и нејзиниот ангажман во рамките на прославите за српското ослободување на Србите од Стара или Јужна Србија“, велат од ВМРО-НП.
Од партијата посочуваат на нејзиното редовно учество како гостин и говорник на настани како што се:
Според ВМРО-НП, овие настани всушност ја одбележуваат „поделбата и трагедијата на Македонија“, а Јовиќ – Стојковска во своите говори често ја користи тезата за „бугаризација на историското ВМРО“.
Од ВМРО-Народна партија порачуваат дека изборот на ваков профил на личност за чело на најпрестижната писателска организација во земјата не може да се толкува поинаку освен како директно загрозување на националниот идентитет.
„Ова инсталирање на писател кој е веќе докажан во великосрпската политика и аспирација кон Македонија, не го гледаме како ништо друго освен како поткопување на основните македонски идентитетски вредности, во кое активно, за жал, учествува партијата која го носи името ‘ВМРО’“, стои во реакцијата на ВМРО-НП.
Хуманитарна акција: Помош за лекување на 14-годишниот Марко Џолевски во Турција
Историја во Атина: Бугаринот Александар Везенков е шампион на Европа со Олимпијакос!
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

