12 декември 2025
• од Станча Јаќимовски
Грешките кои беа евидентирани во учебникот по Географија за седмо одделение со настава на албански јазик се целосно исправени и овој процес веќе е успешно завршен.
Ова беше овозможено благодарение на ангажманот и инсистирањето на ВЛЕН, како и на брзата реакција на заменик-министерот во Министерството за образование и наука (МОН), Лулзим Алиу, кој јавно реагираше и истакна дека прашањето со училишните учебници ќе добие итно и соодветно решение.
Со итната проверка и навремената корекција на грешките, ВЛЕН покажува дека институционалната одговорност е наш стандард. Ова не е како во минатото, кога немаше реални решенија за проблемите со наставните материјали, особено во периодот на владеењето на ДУИ.
Ваквите корекции се во согласност со научните стандарди и претставуваат јасно утврдување на политичката одговорност за оние кои со години дозволувале вакви искривувања. Новите генерации заслужуваат точни и достоинствени учебници, а не искривени наративи кои ДУИ ги толерираше со години.
ВЛЕН оценува дека нашите деца заслужуваат точни, професионални и современи учебници, усогласени со современите образовни стандарди, при што сите неопходни корекции треба да се прават без одлагање.
ВЛЕН останува посветен на добро управување, унапредување на квалитетот во образованието и создавање подобри услови за нашите ученици и студенти.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

