TEMU

Реклама
ad
#1 Најпродаван артикл
Сет од 5 парчиња заштитник на кабли, прекривка за заштита на кабли од ТПУ, додатоци за заштита на кабли, без батерија, за мобилни телефони, комплет за заштита на податочни линии
4.8 (10276)
54 ден
-73%
206 ден
Купи сега
МАКЕДОНИЈА

Владата најавува 150 еко-автобуси, но во буџетот има пари за едвај 20– кој ќе ја покрие разликата?

27 февруари 2026

• од Станча Јаќимовски

Владата со голема најава го турка планот за набавка на 150 еко-автобуси, но зад амбициозната бројка зјае сериозна финансиска празнина. Додека јавноста слуша за „еколошка трансформација“, во буџетот за годинава се предвидени скромни пет милиони евра за обнова на возниот парк. Со проста математика, тоа е далеку од доволно.

Ако се земе како ориентир цената од пред седум години – околу 260.000 евра по автобус – со овие средства би можеле да се купат едвај дваесетина возила. Денес, со инфлацијата и растот на цените на електричните технологии, реалната бројка веројатно е уште помала. Прашањето е очигледно: како ќе се финансираат останатите над 120 автобуси?

Од Министерството за транспорт најавуваат „сложена постапка“ и модел што сè уште се разработува, а парите „ќе се обезбедат од буџетот“. Без конкретна финансиска конструкција, без временска рамка и без прецизирање дали станува збор за ново задолжување, ваквите одговори звучат како купување време. Дополнителна дилема отвора и изјавата на премиерот Мицкоски дека средствата ќе дојдат најмногу преку стратешко партнерство со Унгарија – што во пракса може да значи кредитно задолжување, а не грант.

Не е првпат проектот да запне. Претходниот тендер пропадна бидејќи единствената пријавена компанија не ги исполнувала условите. Тоа упатува на слабости во подготовката на постапката или на нереално поставени критериуми. Во меѓувреме, јавноста слуша и нови рокови – 100 автобуси до крајот на годината – без јасно објаснување како ќе се реализираат.

И додека политичарите лицитираат со бројки, реалноста на терен е поинаква. Граѓаните секојдневно сведочат за автобуси што доцнат или воопшто не пристигнуваат, иако на таблите стои возен ред. Луѓе доцнат на работа и на училиште. Возила се расипуваат среде улица, а јавноста сведочи и за случаи на запалени автобуси. Наместо стабилен систем, граѓаните добиваат неизвесност.

Иронично, додека сега се зборува за 150 еко-автобуси, во времето на Данела Арсовска како градоначалник, иницијативата за 250 вакви возила повеќе од 20 пати не доби поддршка да се најде на дневен ред. Двапати, кога конечно стигнала до гласање, не била поддржана од советници од ВМРО-ДПМНЕ. Денес, истата политичка структура најавува нова ера на еколошки транспорт.

Со оглед на недостигот од јасна финансиска рамка, пропаднатите тендери и хроничните проблеми во јавниот превоз, најавата за 150 еко-автобуси во овој момент повеќе личи на политички слоган отколку на издржан проект. Додека не се објават конкретни бројки, договори и извори на финансирање, останува впечатокот дека граѓаните повторно слушаат ветувања – а чекаат автобус што можеби нема да дојде.

TEMU

Реклама
ad
#1 Најпродаван артикл
Сет од 5 парчиња заштитник на кабли, прекривка за заштита на кабли од ТПУ, додатоци за заштита на кабли, без батерија, за мобилни телефони, комплет за заштита на податочни линии
4.8 (10276)
54 ден
-73%
206 денЗаштедете 152.00 ден
Купи сега
Последни вести
МАКЕДОНИЈА
27 февруари 2026

Камерите под лупа: Стотици возачи и компании ги оспоруваат казните од „Safe City“, нема ниту една правосилна одлука

МАКЕДОНИЈА
27 февруари 2026

БЛОКАДАфест со артисти пред фабриката „Усје“ во борба за чист воздух

МАКЕДОНИЈА
27 февруари 2026

Маглешов: Ако системот функционирал, Груби не би можел ни да стигне до македонската граница

МАКЕДОНИЈА
27 февруари 2026

Странска служба ја предупредила АНБ за закана по Артан Груби

МАКЕДОНИЈА
27 февруари 2026

Тортевски: Куќниот притвор за Груби е „наместена утакмица“, додека други за ситници одат зад решетки

TEMU

Реклама
ad
#1 Најпродаван артикл
Сет од 5 парчиња заштитник на кабли, прекривка за заштита на кабли од ТПУ, додатоци за заштита на кабли, без батерија, за мобилни телефони, комплет за заштита на податочни линии
4.8 (10276)
54 ден
-73%
206 денЗаштедете 152.00 ден
Купи сега
МАКЕДОНИЈА
27 февруари 2026

Матка претворена во зона на страв: Општината ја затвори патеката поради опасност од уривање карпи

ДРУГО
27 февруари 2026

Денеска 27 февруари 2026 година се празнува Преподобен Исакиј Исповедник

МАКЕДОНИЈА
26 февруари 2026

Полицаец од обезбедувањето на Собранието возел без возачка дозвола, против него поднесена кривична пријава

СВЕТ
26 февруари 2026

Шекеринска: Алијансата мора да биде подготвена и обединета

СВЕТ
26 февруари 2026

ЕУ дозволува користење на социјалниот фонд за прекуграничен пристап до абортус

TEMU

Реклама
ad
#1 Најпродаван артикл
Сет од 5 парчиња заштитник на кабли, прекривка за заштита на кабли од ТПУ, додатоци за заштита на кабли, без батерија, за мобилни телефони, комплет за заштита на податочни линии
4.8 (10276)
54 ден
-73%
206 денЗаштедете 152.00 ден
Купи сега
МАКЕДОНИЈА
26 февруари 2026

Левица: Нов скандал во ЕСМ – Косовска фирма со криминално минато ќе го снабдува РЕК Битола

МАКЕДОНИЈА
26 февруари 2026

Нов бран измами со лажни сообраќајки во Битола: 84-годишна жена остана без 9.600 евра

МАКЕДОНИЈА
26 февруари 2026

МВР: Девојка од Жидилово приведена поради попречување на службени лица при одземање крави

СВЕТ
26 февруари 2026

Венес: САД имаат докази дека Иран се обидува да ја обнови својата нуклеарна програма

СВЕТ
26 февруари 2026

Бугарија со економски раст од 2,9% во 2025 година – речиси двојно над просекот на Југоисточна Европа

TEMU

Реклама
ad
#1 Најпродаван артикл
Сет од 5 парчиња заштитник на кабли, прекривка за заштита на кабли од ТПУ, додатоци за заштита на кабли, без батерија, за мобилни телефони, комплет за заштита на податочни линии
4.8 (10276)
54 ден
-73%
206 денЗаштедете 152.00 ден
Купи сега
СВЕТ
26 февруари 2026

Полска пресмета: 1,2 милијарди евра би чинела одбраната на источниот фланг на НАТО при руски напад

СПОРТ
26 февруари 2026

Нов мултимодерен фудбалски стадион во Бугарија – „Арена Варна“ ќе биде отворен во 2027 година

СВЕТ
26 февруари 2026

ЕБОР прогнозира раст на бугарската економија од 2,7% во 2026 година

МАКЕДОНИЈА
26 февруари 2026

Проф. Андонов во „Почетна Пресметка“: Со 400 евра плата нема излез од кругот на сиромаштија

МАКЕДОНИЈА
26 февруари 2026

Бранко Манојловски: 300.000 православни Албанци се жртви на асимилација

TEMU

Реклама
ad
#1 Најпродаван артикл
Сет од 5 парчиња заштитник на кабли, прекривка за заштита на кабли од ТПУ, додатоци за заштита на кабли, без батерија, за мобилни телефони, комплет за заштита на податочни линии
4.8 (10276)
54 ден
-73%
206 денЗаштедете 152.00 ден
Купи сега
СВЕТ
26 февруари 2026

Исланд ќе одржи референдум за обновување на пристапните преговори со ЕУ

МАКЕДОНИЈА
26 февруари 2026

Филипче: Мицкоски велеше дека ДУИ се криминалци, а на крај се договориле со Груби

МАКЕДОНИЈА
26 февруари 2026

Б2 Канал-подкаст бара извинување од новинарот Зоран Божиновски

МАКЕДОНИЈА
26 февруари 2026

Пратениците не гласаа за минимална плата од 600 евра! За опозицијата неопходност, за власта популизам

МАКЕДОНИЈА
26 февруари 2026

Томас Вајц: Уставните измени се предуслов за напредок на Северна Македонија кон ЕУ

TEMU

Реклама
ad
#1 Најпродаван артикл
Сет од 5 парчиња заштитник на кабли, прекривка за заштита на кабли од ТПУ, додатоци за заштита на кабли, без батерија, за мобилни телефони, комплет за заштита на податочни линии
4.8 (10276)
54 ден
-73%
206 денЗаштедете 152.00 ден
Купи сега
МАКЕДОНИЈА
26 февруари 2026

Комитетот за надворешни работи на Европскиот парламент: Уставните измени клучен предуслов за преговорите

СВЕТ
26 февруари 2026

Нуклеарните преговори меѓу САД и Иран продолжуваат во Женева под засилен притисок од Вашингтон

МАКЕДОНИЈА
26 февруари 2026

Адмир Шабани предложен за заменик-министер за одбрана

TEMU

Реклама

Ненадминливи Понуди Дневно

ad
#1 Најпродаван артикл
Сет од 5 парчиња заштитник на кабли, прекривка за заштита на кабли од ТПУ, додатоци за заштита на кабли, без батерија, за мобилни телефони, комплет за заштита на податочни линии

4.8 (10276 рецензии)


54 ден

206 ден
73% ПОПУСТ

Заштедете 152.00 ден

Купи сега