македонија27 декември 2024 Влада: Мицкоски - Најголемиот дел од трговците ги враќаат цените на производите на она ниво коешто беа пред да добијат покачување - 27 ДЕКЕМВРИ 2024
Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Христијан Мицкоски денеска одговарајќи на новинарско прашање, кои се последните сознанија и каква е сега состојбата, после инспекциите за трговците коишто ги зголемија цените производите, информираше дека најголемиот дел од трговците ги враќаат цените на производите, на она ниво коешто беа пред да добијат покачување.
„Утрово разговарав со господинот Дурмиши министерот за економија и труд, но и претходниве ден-два добијам информации од страна на Државниот пазарен инспекторат дека најголемиот дел од трговците ги враќаат цените на она ниво коешто беа пред да добијат покачување. Го почитуваат укажувањето и замолницата којашто јавно ја упативме до нив. Очекувам во периодот којшто следи тоа да продолжи иако редовно со интензивна контрола од страна на Државниот пазарен инспекторат ќе се следи состојбата и доколку имаме девијантно однесување од страна на трговците ќе бидат преземени мерки. Инаку последната мерка којашто ја има Владата на располагање е да донесе повторно ограничување или лимитирање на цената, но во овој момент гледаме дека најголемиот дел од трговците она укажување ќе повторам и замолница ја почитуваат“, изјави премиерот.