македонија26 декември 2024 Влада: Дурмиши - Вондредна инспекција во маркетите, доколку не се намалат цените на основните прехранбени производи ќе превземеме поригорозни мерки - 25 ДЕКЕМВРИ 2024
Министерството за економија и труд, и јас како министер уште од почетокот на мандатот кажав дека една од главните цели на кои ќе работам ќе биде подобрување на животниот стандард на граѓаните.
И тоа на дело го покажавме на почетокот на есента со носење на мерките за ограничување на маржата прво кај училишниот прибор, а потоа кај дел од основните прехранбени производи.
Со оваа мерка како што кажав и како што покажаа статистичките податоци успеавме за време на траење на мерката да ги намалиме трошоците на граѓаните и до 3000 денари по основ на двете мерки.
Кажавме дека ќе продолжиме во оваа насока со мерки кои ќе значат подобар живот за граѓаните.
Пред десет дена заедно со Стопанските комори со трговците, со дистрибутерите и производителите ја објавивме акцијата Новогодишна кошница.
Акција која имаше за цел преку општествена одговорност кај компаниите за време на Новогодишните празници да ги намалиме трошоците за живот на граѓаните преку самоиницијативно намалување на цените на дел од производите кои се најпродавани во време на Новогодишните празници.
Она што на состаноците го договоривме и добивме уверување од производителите и трговците и дистрибутерите е пред почетокот на акцијата да нема драстично зголемување на цените на овие производи кои ќе ги понудат и да не се зголемуваат драстрично цените на производите кои не се на листата на производи во Новогодишната кошница.
Акцијата Новогодишна кошница, како што можевме да видиме во првите денови стартуваше успешно, кај некои производи во кошницата намалувањето на цените беше и над 10% и секојдневно се зголемуваше бројот на производи понудени од компаниите во Новогодишната кошнца.
Но, тоа не се случи и кај другите основни прехранбени производи чии цени се драстично зголемени.
Владата и јас како Министер за економија и труд нема да го толерирам однесувањето на трговците и покачувањето на цените на одредени производи на сметка на намалување на други производи кои ги предложија во Новогодишната кошница.
Вчера по завршувањето на седницата на Владата, по задолжението кое што го добивме веднаш одржавме состанок со директорот на Државниот пазарен инспекторат.
Како што дадов насока во координација со директорот, инспекторите на Државниот пазарен инспекторат од утрово се во засилени контроли во маркетите и прават анализи како се движеле цените на основните прехранбени производи во изминатите три месеци, осносно колку поскапеле производите кои што не се во Новогодишната кошница.
Сакам да апелирам до сите чинители во целиот овој процес, производители, дистрибутери и трговци да ја покажат општествената одговорност за која зборуваа кога на нивeн предлог ја креиравме оваа акција Новогодишна кошница.
Апелирам да ги корегираат цените на оние производи кои се најпотребни во овој период на Новогодишните празници и да им излезат во пресрет на граѓаните.
Нема да дозволам ниту да толерирам да прават трикови и да ги изигруваат граѓаните за време на празници.
Не може тоа што на нив им беше дадено како право и можност за едни производи, сега да го надоместуваат со зголемување драматично на некои други производи кои што ги користат граѓаните како што е маслото, лебот, млекото, млечни производи, шеќер, солна и така натаму и така натаму, јајца и слично.
Апелирам до големите трговски ланци да си го преиспитаат однесувањето во спротивно ќе ги искорисам сите механизими кои ги имаме и ќе донесеме одлука со цел да го заштитиме стандардот на граѓаните.
Државниот пазарен инспекторат е на терен на воднредна инспекција и врз основа на податоците кои ќе ги добиеме од нив ќе зависи каква одлука ќе биде донесена, дали трговците ќе се корегираат и ќе остане акцијата Новогодишна кошница или ќе бидеме приморани да донесеме одлука за замрзнување на цени или на маржи.
Тоа зависи најмногу од нив.
Ние сакавме да покажеме добра воља и заеднички да придонесеме за граѓаните да ги поминат Новогодишните празници со помали трошоци, но тоа не е така.
Граѓаните гледаат што се случува со цените, они се најголемите инспектори на оваа акција, така што доколку продолжат со ваквото однесување трговците, како што и најавивме ќе донесеме поригорозни мерки како што е замрзнување на маржите или на цените.