31 јануари 2026
• од Станча Јаќимовски
Стотици граѓани денеска излегоа на протест во Скопје, блокирајќи ја сообраќајницата Бутел–Скопје, изразувајќи го своето незадоволство од, како што велат, нереално високите сметки за електрична енергија што ги добиваат од компанијата ЕВН.
Протестантите нагласуваат дека сметките што им се испраќаат не одговараат на реалната потрошувачка и дека многу семејства се доведени до работ на егзистенција. Според нив, неприфатливо е граѓанин кој прима социјална помош од околу 8.000 денари месечно да добие сметка за струја од 6.000 денари, со што му остануваат само 2.000 денари за сите други основни трошоци за живот.
Граѓаните тврдат дека фактурите значително ја надминуваат реалната потрошувачка на електрична енергија. Бројни поплаки се појавија и на социјалните мрежи, каде што дел од граѓаните споделуваат дека добиле сметки и до 1.000 евра месечно, иако воопшто не живеат во тие објекти.
До овој момент, од компанијата ЕВН нема официјална реакција или соопштение во врска со овие обвинувања и денешниот протест. Граѓаните најавуваат дека, доколку проблемот не биде решен и не добијат јасни одговори, ќе продолжат со протестите и во наредниот период.
Не Бугарија, не Брисел – туку Мицкоски: вистинската причина за застојот кон ЕУ
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

