10 ноември 2025
• од Станча Јаќимовски
Во Тетово се случи инцидент меѓу министерката за образование Јаневска и градоначалникот Билал Касами, кој предизвика бурни реакции во јавноста и на социјалните мрежи.
Додека Касами одговараше на новинарски прашања на албански јазик, министерката двапати го замоли да зборува на македонски, објаснувајќи дека не го разбира албанскиот. Наместо да премине на македонски, Касами иронично одговори дека „подоцна ќе одговори на северномакедонски“, што беше сфатено како отворена политичка и јазична провокација.
Според Преспанскиот договор, јазикот е македонски, а не „северномакедонски“, што го прави одговорот на Касами уште поконтроверзен и навредлив за голем дел од јавноста.
Политичките аналитичари го оценија настапот на Касами како провокација со политичка позадина, насочена кон актуелната влада и партнерите во коалицијата VLEN, кои имаат чувствителна позиција во извршната власт. Дополнително, јавноста потсети дека Касами ја доби функцијата градоначалник со поддршка од гласачите на ВМРО-ДПМНЕ, што уште повеќе го продлабочи политичкиот контекст на инцидентот.
Настанот уште еднаш ја отвори дебатата за јазичната рамноправност, политичката култура и меѓуетничките односи во државата, покажувајќи колку јазикот останува чувствително и симболично прашање во македонското општество.
Денеска се празнува Светата маченичка Параскева – симбол на верата и милосрдието
Поминаа 72 часа – Орце не го исчисти Скопје, населбите се потонати во ѓубре
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

