03 април 2026
• од Станча Јаќимовски
Во Основниот кривичен суд во Скопје денеска продолжи судењето за случајот „Онкологија 1“, при што српскиот вештак Давор Радославевиќ одговараше на вкрстени прашања од одбраната на поранешниот директор на Клиниката за онкологија, Нино Васев. Тој, заедно со уште двајца онколози, е обвинет за несовесно лекување пациенти.
Радославевиќ, кој изготвил медицинско вештачење за потребите на Обвинителството, во своето сведочење повторно укажа на сериозни пропусти во лекувањето, како и на недоволно и несистематско следење на пациентите. Одбраната, пак, инсистираше дека вештачењето е нецелосно, бидејќи, според нив, не му била доставена целокупната медицинска документација, ниту биле земени предвид домашните упатства за лекување.
Случајот опфаќа лекување на 47 пациенти, додека српското вештачење се однесува на 16 случаи, од кои 14 се дел од обвинението. Одбраната го доведе во прашање обемот и квалитетот на документацијата со која располагал вештакот, особено во однос на дијагностичките процедури и следењето на пациентите.
На забелешките дека во извештајот се наведува отсуство на клучни дијагностички наоди, како КТ-снимања, Радославевиќ појасни дека такво нешто не е точно:
„Сите пациенти имаа еден или повеќе КТ наоди, но тие не беа систематски заведени и редовно следени во текот на лекувањето.“
Тој нагласи дека токму континуираното и структурирано следење е суштинско за процена на ефектот од терапијата.
Во своето вештачење, Радославевиќ заклучува дека кај дел од пациентите:
Тој потврди дека кај повеќе пациенти лекувањето било неправилно, што, според него, довело до влошување на здравствената состојба и скратување на животниот век.
Одбраната се обиде да наметне теза дека вештачењето претставува т.н. „експост“ евалуација – односно проценка направена врз основа на информации кои не биле достапни во моментот на лекување. Вештакот одговори дека се фокусирал на рационалноста на терапевтските одлуки, а не на конечниот исход:
„Воопшто не го имав предвид исходот, туку настојував да ја поврзам медицинската логика со достапните податоци.“
Во однос на меѓународните препораки, тој појасни дека се водел според европските стандарди, особено препораките на ЕСМО, кои, иако не се задолжителни, претставуваат водич за клиничка пракса.
Радославевиќ посочи дека во документацијата недостасувале важни клинички параметри:
Како редок пример за забележана токсичност, наведе пациентка со афти по хемотерапија, каде била препорачана редукција на дозата.
Случајот го води судијката Снежана Марковска, додека обвинението го застапува јавната обвинителка Марија Ѓорѓева. Обвинетите, покрај несовесно лекување, се товарат и за тешки дела против здравјето на луѓето.
Постапката е во доказна фаза, а вкрстеното испрашување на вештакот продолжува и на следните рочишта.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

