27 август 2025
• од Гоце Кически
По 15 месеци власт на ВМРО-ДПМНЕ, економската политика на оваа влада може да се оцени како „најлошата во историјата“, изјави денеска претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче.
На прес-конференција во Скопје, тој обвини дека власта наместо да вложува во мерки за поддршка на граѓаните, буџетските средства ги насочува кон лични и партиски интереси.
„Десетици милиони евра се буквално украдени од граѓаните преку непреземање мерки за цените, преку непокачување на платите, преку растот на нееднаквоста и сиромаштијата. Тоа е свесна и намерна политика на оваа власт,“ рече Филипче.
Лидерот на СДСМ посочи дека за разлика од ВМРО-ДПМНЕ, неговата партија имала и сè уште има подобри економски политики во интерес на граѓаните. „Ако нешто може со сигурност да го кажам, тоа е дека СДСМ имаше и сè уште има далеку подобри економски политики насочени кон граѓаните, со грижа за стандардот и со јасна цел – економија што им служи на граѓаните,“ додаде тој.
Филипче потенцираше дека СДСМ нема да отстапи од веќе предложените решенија во Собранието за справување со инфлацијата и заштита на животниот стандард.
„Нема да отстапиме од нашата борба и од нашите предлози. Раст на платите во сите сектори, зголемување на минималната плата на најмалку 500 евра, укинување на ДДВ за основните прехранбени производи – тоа се мерки кои веќе ги предложивме, но владејачкото мнозинство не ги поддржа. Ќе продолжиме и понатаму да ги поднесуваме и да се бориме за достоинствен живот и подобар стандард на граѓаните,“ порача претседателот на СДСМ.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден