македонија22 јануари 2025 Уставен суд: Оформени се првите пет предмети во 2025 година
Во периодот од 1 до 17 јануари годинава во Уставниот суд се оформени пет предмети, по претходно поднесени четири иницијативи и едно барање за заштита на слободата и правата на граѓани.
Првата иницијатива е поднесена по електронска пошта и пристигнала на 8-ми јануари. Оспорен е член од Законот за утврдување на јавен интерес и номинирање на стратешки партнер за имплементација на проектот за изградба на инфраструктурниот Коридор 8, односно делницата Тетово-Гостивар-Букојчани, проектот за автопатот Требеништа-Струга-Ќафасан и Коридорот 10, делница на автопатот Прилеп-Битола.
Се оспорува одредбата за истражување и експлоатација на минерални суровини од инвеститорот. Физичко лице ги оспорува пресудите на Крвичниот и на Апелациониот суд, поради како што наведува дискриминација по основ на социјална припадност.
Со друга иницијатива подносителот оспорува одлука со која бил лишен од одредени поволности кои ги добиле други вработени во Армијата.
Државниот инспекторат за локална самоуправа, односно в.д. директорот Хаќим Рамадани ја оспорува програмата за изменување и дополнување на програмата за урбанистичкото планирање за 2024 година.