17 март 2026
• од Станча Јаќимовски
Украина не се плаши од заканите што доаѓаат од Иран, изјави украинскиот претседател Володимир Зеленски во интервју за i24News, пренесено од УНИАН.
Според Зеленски, ваквите пораки не се ништо ново за украинската држава, која веќе со години се соочува со постојани безбедносни предизвици.
„Ова не е ништо ново. Сум слушал многу различни пораки во изминатите четири години. Не се плашиме од вакви закани. Живееме со нив секој ден – не само последните четири, туку всушност повеќе од 12 години“, изјави украинскиот претседател.
Зеленски исто така нагласи дека постојат индикации за соработка меѓу Русија и Иран во контекст на војната. Тој тврди дека во дроновите „Шахед“, кои се користат во конфликти на Блискиот Исток, биле пронајдени руски компоненти.
„Сигурен сум во тоа. Видовме делови од ракетен систем ‘Шахед’ кој беше уништен во една блискоисточна земја. Тоа беа руски делови. Знаеме дека Иран не ги произведува тие компоненти, што укажува дека Русија им помага“, рече Зеленски.
Тој додаде дека соработката е двонасочна, потсетувајќи дека Иран ѝ помогнал на Русија на почетокот на војната, обезбедувајќи ѝ дронови.
Во меѓувреме, од Иран стигнаа остри пораки. Претседателот на Комисијата за национална безбедност на иранскиот парламент, Ибрахим Азизи, изјави дека секоја помош што Украина би ѝ ја дала на Израел – вклучително и дронови – би ја направила целата украинска територија „легитимна цел“ за ирански ракетни напади.
На ова реагираше портпаролот на украинското Министерство за надворешни работи, Георгиј Тихиј, кој ги оцени ваквите закани како апсурдни.
Тој потсети дека Иран со години ја поддржува руската агресија врз Украина преку снабдување со дронови и воена технологија.
„Ова е како сериски убиец да ги оправдува своите злосторства повикувајќи се на законот“, изјави Тихиј.
Маслото достигна 100 денари – граѓаните алармираат за поскапувања во маркетите
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

