03 ноември 2025
• од Станча Јаќимовски
Познатиот новинар и публицист Бранко Тричковски повторно предизвика реакции на социјалните мрежи со својата нова објава на Фејсбук, во која саркастично им „честита“ на Македонците за, како што вели, „враќањето во нивната природна состојба“.
Во својот карактеристичен стил, Тричковски напиша дека „една вештачка нација, која беше избегана од себе и од своето небитие, се врати во својата природна состојба“, додавајќи дека тоа е „се, народе“.
Тој понатаму упатува „честитки на народот и на неговото комитско лидерство“, при што алудира на актуелните политички случувања и националистичкиот наратив што повторно станува доминантен во јавниот дискурс.
„Им посакувам успеси во новата, органска форма и димензија. Без мисија и судбина. Осудени на безначајност... Импровизирана нација која успеа да се систематизира во ништо. Тоа се големи предности. Се најубаво,“ напиша Тричковски.
Во завршниот дел, тој додава дека „му е убаво во слободата по толкава борба со Македонија“, што може да се протолкува како критика кон состојбата на општеството, политичката апатија и идентитетската криза која, според него, го дефинира современиот македонски контекст.
Назим Рашиди: Време е ВЛЕН да покаже транспарентност, а ДУИ да се реформира
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

