20 јануари 2026
• од Гоце Кически
Потпретседателката на Социјалдемократски сојуз на Македонија и пратеничка Јована Тренчевска изјави дека СДСМ не се спротивставува на воведувањето ред и унапредување на безбедноста во сообраќајот преку системот „Сејф сити“, но дека партијата има сериозни забелешки во однос на заштитата на личните податоци, надзорот и можните злоупотреби.
Во гостување во емисијата 360 степени, Тренчевска нагласи дека клучната загриженост на СДСМ произлегува од отсуството на јасен и прецизен механизам за контрола и надзор над функционирањето на системот.
„Надзорот над целиот овој систем на ‘Сејф сити’ го нема во законот и тоа е едно прашање за коешто мора да се разговара. Мора да има механизам за надзор и контрола. Вака како што е поставен системот, не знаеме кој контролира, не знаеме дали ќе има злоупотреби. Кој го храни софтверот, кој го храни компјутерот – човечки фактор на крајот на денот“, истакна Тренчевска.
Таа додаде дека постои и сериозна загриженост од аспект на можна политичка злоупотреба на системот, особено имајќи го предвид начинот на владеење на ВМРО-ДПМНЕ.
Според СДСМ, воведувањето на вакви технолошки системи мора да биде проследено со силни институционални гаранции, транспарентност и независен надзор, со цел да се спречат злоупотреби и да се заштитат правата и приватноста на граѓаните.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

