22 јуни 2026
• од Темелко Тошев
Пратеничката и потпретседателка на СДСМ, Јована Тренчевска, упати остри критики кон Владата предводена од премиерот Христијан Мицкоски, обвинувајќи дека во изминатите две години не е исполнето ниту едно од дадените ветувања кон граѓаните.
Според Тренчевска, наместо најавуваниот економски просперитет, граѓаните денес се соочуваат со намален животен стандард, поскапувања и секојдневна неизвесност.
„После две години од Владата на ВМРО, вистината денес е дека народот живее потешко и поскапо. Нема ништо од ветувањата за повисоки плати и достоинствен живот. Единственото нешто што забрзано расте се цените, трошоците за живот и сиромаштијата. ВМРО ветуваше инфлација од 2,5%, а денес таа изнесува 4,8% – речиси двојно повисока од ветеното. Денес на едно четиричлено семејство му се потребни скоро 70.000 денари месечно за да ги покрие основните трошоци, што значи дека за нормален живот се потребни речиси три минимални плати“, истакна Тренчевска во своето видео-обраќање.
Таа додаде дека македонскиот работник во моментов зема најниска плата во Европа, бидејќи примањата не го следат растот на цените, па со истата работа граѓаните можат да купат сè помалку производи.
„Пензионерите се изиграни, а социјалните случаи заборавени“
Потпретседателката на СДСМ ја обвини власта за директна манипулација со највозрасната категорија граѓани, тврдејќи дека со промената на системот за усогласување, пензионерите се оштетени.
„Ги изиграа пензионерите. Со лажна кампања ги придобија, за потоа да им ги скратат парите. Ако се задржеше нашиот систем, најмалото зголемување на пензиите ќе беше околу 1.500 до 1.600 денари, а најголемото 3.500 денари, и тоа двапати годишно“, потенцираше таа.
Тренчевска посочи дека власта потфрлила и во грижата за најранливите. Како што наведе, не е реализирано зголемувањето на гарантираната минимална помош за 10% на годишно ниво, нема раст од 30% на посебниот додаток, ниту пак се зголемени надоместоците за родителите кои се грижат за деца и лица со попреченост.
Дополнително, Тренчевска критикуваше дека нема изградено нови домови за стари лица, ниту нови дневни центри за рехабилитација, а не е реализирано ниту ветувањето за поврат на персоналниот данок за вработените мајки по завршувањето на породилното отсуство.
„Владата на ВМРО покажа дека нема ниту капацитет, ниту волја да го подобри животот на граѓаните. Единствено што добро им оди се манипулациите. Од социо-економските ветувања за овие две години, немаат исполнето апсолутно ништо“, заклучи Тренчевска.
ШОКАНТНИ ТВРДЕЊА ОД БУГАРИЈА: Мицкоски и Лимани си поделиле 13 хидроцентрали?!
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

