16 ноември 2025
• од Станча Јаќимовски
На 14 ноември 2025 година, околу 13 часот, полициски службеници од ОВР Крушево извршиле претрес во дом во селото Јакреново, при што била одземена пушка за лов, ремен и дозволата за поседување оружје од лицето Ф.А. (44) од истото село.
Претресот следел по добиена информација дека на социјалните мрежи се појавила видео-снимка на која 15-годишно девојче држи и насочува огнено оружје кон главата на нејзиниот 11-годишен брат.
По преземените мерки било утврдено дека настанот се случил во семејниот дом на пријавениот. По консултација со јавен обвинител, оружјето било одземено, а случајот целосно документиран.
По завршувањето на истрагата, против Ф.А. ќе биде поднесена соодветна кривична пријава за неправилно чување и постапување со оружје, што овозможило малолетници да дојдат во контакт со опасно средство.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

