05 ноември 2025
• од Станча Јаќимовски
Тешка сообраќајна несреќа се случи вечерва во близина на планинскиот превој Плетвар, на патниот правец Прилеп – Росоман, во која животот го загубија две лица, а петмина се здобиле со повреди, пренесува Скопје1.мк.
Според првичните информации на Основното јавно обвинителство Прилеп, несреќата се случила при претекнување, кога дошло до судир помеѓу два автомобили што се движеле во иста насока. Едниот од загинатите е возач на едно од возилата.
Дежурен јавен обвинител извршил увид на местото на трагедијата и издал наредби за прибирање на сите релевантни траги од местото на настанот. Ќе се спроведе и сообраќајно и машинско вештачење на двата автомобила со цел да се утврдат причините и околностите под кои дошло до судирот.
Од Обвинителството информираат дека врз телата на починатите ќе биде извршена обдукција, а кај преживеаниот возач ќе се испита евентуално присуство на алкохол или други психоактивни супстанции. Надлежните органи продолжуваат со истрагата за целосно расветлување на несреќата.
Исламски предавач: Срамота е муслиманка да се прегрнува со момче кое носи шајкача
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

