15 септември 2025
• од Станча Јаќимовски
Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски изјави дека зад честите пожари на дивата депонија Вардариште не стојат „странски центри“, туку дека проблемот е локален и таложен со години. Според него, на депонијата моментално живеат околу 200 луѓе, а индициите укажуваат дека мал дел од нив намерно потпалуваат отпад.
„Среде депонија живеат над 200 луѓе. Страшно е од секој аспект, страшно е. Индициите се дека потпалувањата се сторени од мал дел од тие луѓе. Не можеме да го ограничиме правото на пристап на тие луѓе во Вардариште. Овој проблем е таложен со години и не може да се реши за една недела“, истакна Тошковски.
Министерот потенцира дека единствено трајно решение е дислокација на луѓето што живеат во Вардариште и целосно расчистување на просторот. Тој нагласи дека отпадот мора да се префрли на друга локација, а теренот да се ослободи од ризиците што со години го загрозуваат здравјето на граѓаните.
„Тие луѓе треба да бидат дислоцирани, местото да се исчисти, отпадот да се однесе на друга локација“, додаде министерот.
Тошковски потсети дека пожарите на Вардариште не се нова појава, туку дека се повторуваат од 2020 година. Затоа, според него, потребен е посистематски и долгорочен пристап за конечно решавање на оваа еколошка и безбедносна закана.
Се проверува одговорноста за дозволата за складиште за отпад во Трубарево
Четворица повредени во пожарот во Трубарево – двајца на болничко лекување
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден