МАКЕДОНИЈА

Тошковски: Не знам дали е утврден случај на дивоградба во Чаир

05 јули 2025

• од Станча Јаќимовски

Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, изјави дека во моментов не знае дали е утврден конкретен случај на дивоградба во општина Чаир, но нагласи дека институциите постапуваат по тоа прашање и резултатите ќе бидат познати во скоро време.

Тошковски на прес-конференција во Владата, на која беа презентирани резултатите од првата година од неговиот мандат, истакна дека под негово раководство Министерството за внатрешни работи води неселективна и бескомпромисна борба против сите кои се огрешиле пред законот.

„За разлика од претходно, сега МВР покажува дека може да има неселективна и бескомпромисна борба против секој кој ќе се огреши пред законот. Го покажавме тоа со постапувањето против врховни судии, членови на обезбедување на премиер, актуелни директори, министри, директори на институции кои што злоупотребувале буџет, актуелни и поранешни градоначалници“, рече Тошковски.

Тој додаде дека македонските граѓани веќе ја гледаат разликата во работењето на институциите и дека ниту еден предмет во интерес на јавноста нема да биде оставен нерешен.

„Во однос на тоа дали има наредба од јавен обвинител — да, има и постапуваме. Ве уверувам дека нема да оставиме под знак прашалник ниту еден конкретен предмет во интерес на јавноста. Ќе постапуваме како што прилега на една европска земја“, потенцираше министерот, додавајќи дека Владата не сака да остане само на декларативен европски курс, туку тоа да го покаже и со дела.

Во врска со состојбата во Чаир, Тошковски појасни дека моментално нема информација дали е веќе утврден случај на дивоградба, но увери дека се преземаат сите потребни мерки и резултатите наскоро ќе бидат презентирани.

Последни вести
ВЕСТИМАК.MK

Независен медиум кој објавува проверени и навремени вести од Северна Македонија и светот, со фокус на објективно информирање.

Следи нè!

Следете нè на социјалните мрежи и помогнете во поддршката на независното новинарство. Вашата поддршка значи многу!

GoFundMe icon

© 2025. Сите права запазени