27 август 2025
• од Станча Јаќимовски
На својот Фејсбук профил, Тони Коцев од Штип ја отвори чувствителната тема за културниот идентитет и изборот на публиката во Македонија. Поводот беше коментарот околу споредбата на настапите на македонскиот пејач Спасен Силјаноски и белградската ѕвезда Марија Шерифовиќ.
Коцев, повикувајќи се на изјавата на градоначалникот на Кавадарци, Митко Јанчев – човек кој идентитетски се идентификува и како Македонец и како Бугарин (со доброволна писмена и нотарски заверена изјава за бугарска самоидентификација) – напиша дека оваа споредба ја покажува болната вистина за македонската публика.
„Македонецот со голема радост оди на концерт на српски пејач, за разлика од македонскиот,“ напиша Коцев. Тој нагласува дека причината не лежи во заедничкото живеење во поранешна Југославија, бидејќи тие генерации одамна не се дел од концертната публика.
Како главен фактор ја посочува постојаната медиумска промоција на српската култура во Македонија – преку музика, песни, спорт, телевизиски емисии и други содржини.
Коцев дополнително потенцира дека вината не треба да се бара кај српската страна:
„Не се виновни Србите за оваа состојба, туку ние самите – Македонците. Се работи за комплекс на мала култура: Србите ни изгледаат ‘поголеми’ и ‘повредни’ на секое поле.“
Во завршниот дел од својата објава, Коцев застана во одбрана на градоначалникот на Кавадарци, кој претходно изнесе слични ставови.
„Не го напаѓајте Митко Јанчев. Тој само ја констатира болната вистина – Македонецот повеќе се одушевува од сè што е српско, наместо од македонско,“ порача Коцев.
🔹 Со оваа објава, Тони Коцев повторно ја отвори јавната дебата за тоа како македонското општество ја вреднува сопствената култура и дали таа има доволна поддршка од медиумите и публиката.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден